Turniej Tłumaczy 2000

Wisława Szymborska
Odzież

Oблека

Соблекуваш, соблекуваме, соблекувате
мантили, сакоа, одела, блузи
од волна, памук, трико,
здолништа, панталони, чорапи, долна облека,
ставајќи, закачувајќи, префрлувајќи преку
подпирачите на столовите, параваните;
за сегa, вели лекарот, не е сериозно,
ве молам облечете се, одморете, одпатувајте,
користете ги во случај кога, пред спиење, после јадење,
дојдете за четврт, за една, за година ипол;
гледаш, а ти мислеше, а ние се плашевме,
а виe предпоставувавтe, а тој се сомневаше;
време е за врзување, закoпчување со треперливи раце
врвки, нитни, патенти, ремчиња,
колани, копчиња, кравати, јаки
и за извлекување од ракавите, од чантите, од џебовите
изгужвано, со точки, со линии, со цветчиња, карирано шалче
со одеднаш продолжена употреба.

Przetłumaczone na język macedoński przez:
Anita Buèevska (Macedonia)

Accessibility