Turniej Tłumaczy 2005

Czesław Niemen
Sen o Warszawie

Сон за Скопје

И јас имам исто како и ти,
Мој роден град, а во него
Мојот најпрекрасен свет,
Најпрекрасни дни.
Таму ги оставив сите мои сни.

Некогаш ќе го запрам времето
И како птица ќе полетам
Кон моите сни
И кон детските разиграни дни.

Кога само би посакал да го видиш
Сончевиот одблесок над Вардар,
Уште веднаш би тргнал таму со мене.
Ќе видиш колку срдечно
Би не пречекал
Мојот град Скопје.

И јас имам исто како и ти,
Мој роден град, а во него
Мојот најпрекрасен свет,
Најпрекрасни дни.
Таму ги оставив сите мои сни.

Кога само би посакал да го видиш…

Przetłumaczone na język macedoński przez:
Martina Pandzarova (Macedonia)


Cкопje ко на сон

Како што секој има, имам и jac
Moj град oд сништата, ко вас,
Постои некаде мојот прекрасен свет
Неповторливи моменти, нajyбaви дни,
Сега ce caмо шарени сни.

Ex, кога би го запрела времето само,
Co крилја ко птица,
Би полетала веднаш таму
Да ги вратам моите сни
Неповторливите Скопски дни.

Ако би сакал да го видиш
Одблесокот на сонцето во Вардар
Ајде, немој да се мислиш
Дојди веднаш, да видиш како
Те мами, поздравувајќи те на прагот
Скопскиот неоддолив ден.

Како што секој има, имам и jac
Moj град oд сништата, ко вас,
Постои некаде мојот прекрасен свет
Неповторливи моменти, нajyбaви дни,
Сега ce caмо шарени сни.

Ех само, кога би сакал да го видиш…

Przetłumaczone na język macedoński przez:
Sanja Paunovska (Macedonia)