Turniej Tłumaczy 2008

Zbigniew Herbert
O dwu nogach pana Cogito

За двете нозе на Pan Cogito

Левата нога вообичаена
би рекол оптимистична
малку прекратка
момчешка
со мускули како насмевки
со добро обликуван лист на ногата

десната
чувај Боже –
слаба
со две лузни
со едната вдолж Ахиловата тетива
со другата овална
бледорозова
како срамотен спомен од бегството

левата
склона на подскокнување
танцувачка
премногу заљубена во животот
за да се изложува

десната
аристократски здрвена
се подсмева на опасноста

ете така
на двете нозе
левата која може да се спореди со Sancho Pansa
и десната
која што потсетува на изгубен рицер
оди
Pan Cogito
низ светот
тетеравејќи се лесно

na język macedoński przełożyła
Vesna Gjurkovska (Macedonia)