Turniej Tłumaczy 2015

Stanisław Barańczak
N.N. uprawia gimnastykę poranną

Н.Н. ВЕЖБА УТРИНСКА ГИМНАСТИКА

– Како и секој ден, предлагаме
– и раз, и два, и три – отворете прозор.
Неколку длабоки воздишки. И прва вежба:
преклонувања нанапред. Ве молам не грчете го
‘рбетот. И раз, и два, и три.
Длабоко ве молам. Таака. До земја.
И уште еднаш. Оваа вештина
– и раз, и два, и три – може да ви се најде.
А сега брзи свивања на страна. Небаре избегуваме.
Небаре сакаме просто да избегнеме
шлаканици. И раз, и два. Налево.
Надесно. Таака. Одлично. Сега клекнете, ве молам.
Клечиме, небаре се напрегаме за скок.
Небаре сакаме да скокнеме до грлото на џелатот.
И раз, и два, и три. Но, се разбира,
не скокаме. Останете во клекната положба, ве молам,
и станете полека. И за крај
ја преклонуваме неколку пати главата: тоа
го опушта вратот. И раз, и два,
и три.

na język macedoński przetłumaczył
Andrej Jovanchevski (Macedonia)

Accessibility