Turniej Tłumaczy 2017

Bolesław Leśmian
Romans

Романса
Романса пеам оти по с удба сум певец!
Таа беше просјачка, а тој – просјак беден.
Се вљубија мигум на еден уличен агол
И немаше посиромашна тајна во градот…
Надвисна ноќ мајска – ѕвездена радост,
Седнаа на црковните скали – рамо до рамо.
Му подаваше везден со израз стамен
Час усни да бакне, час лебец да касне.
И така, сонувајќи, каснуваа под мајското небо
На смена: леб по бакнежот, бакнеж по лебот.
Си ги ситеа двата глада под пролетниот плашт:
Едниот глад – просјачки, другиот – љубовна страст.

na język macedoński przełożył Andrej Jowanczewski

Accessibility