Turniej Tłumaczy 2003

Konstanty I. Gałczyński
Rozmowa liryczna

Поетски разговор

  - Кажи ми колку месакаш?
  - Ти кажувам.
  - Значи?
  - Те сакам како сонцето. И при блесокот на свеќите. Те сакам и со шешир и со беретка. На патиштата со големите ветришта, и на концерт. Покрај јоргованите и брезите, при малините и при јаворите.
И таму каде спиеш
И таму каде сконцентрирано работиш.
И тогаш кога јајцето го лупиш,
дури и тогаш кога лажичката ќе ти падне.
Во такси. Во автомобил.
Без исклучок.
И на крајот на улицата. И на почетокот.
И тогаш кога косата ја чешлаш.
Во опасности. И на вртелешки.
На море. На планина. Во гумени чизми.
И боса.
Денес. Вчера. Утре.
Дење и ноќе.
И во пролет кога ластовицата лета.
  - А во лето како ме сакаш?
  - Како содржајни лета.
  - А во есен, кога има облачиња и смешки?
  - Дури и тогаш кога ги губиш чадорчињата.
  - А кога зимата ги посребрува рамките на прозорите?
  - Во зима те сакам како весел огин. Блиску до твоето срце. Околу него.
Зад прозорите снег. А на снегот чавка.

Przetłumaczone na język macedoński przez:
Aneta Angelovska (Macedonia)
Sandra Karbeva (Macedonia)
Dafinka Robovska (Macedonia)

Accessibility