Turniej Tłumaczy 2011

Czesław Miłosz
Zapomnij

Заборави

Заборави на маките
Кои што сам си ги нанел
Заборави на маките
Кои што ти се нанесени
Водите течат и течат
Пролетта се раѓа и гине
Одиш по одваj запаметена земja.
Понекогаш слушаш во далечината песна
Што значи тоа, прашуваш, коj пее?
Детското сонце изгрева
Внук и правнук се родиjа
Сега тебе те водат за рака.
Дали го паметиш името на таа река
Колку добра ja паметиш неа
Твоите пусти полиња
Градот го менуваат
А ти просто стоиш, занемен.

na język macedoński przetłumaczyły
Ivana Joseva (Macedonia)
Elena Ruseska (Macedonia)


Заборави

Заборави на страданијата
Кои ти самиот ги зададе.
Заборави на страданијата
Кои тебе зададени ти биле.
Водата тече ли тече,
Пролетта блеснува и згаснува,
Одиш по земја која со себе заборав влече.
Повремено слушаш како далечна песна пеат.
Што значи тоа, прашуваш, кој таму пее?
Детско сонце се раѓа,
Внук и правнук, на свет доаѓа.
Сега тебе за рака те водат.
Сал имињата на реките тебе ти преостанаа.
Колку ли долго реките умеат да траат!
Полињата твои, угарни,
На градски кули, неналични.
Ти занемен на прагот застана.

na język macedoński przetłumaczył
Filip Dimevski (Macedonia)


Заборави

Заборави на страдањата,
Кои сам ги предизвика,
Заборави на страдањата,
Кои те предизвикаа тебе.
Водите течат и течат,
Пролетта блеснува и заминува.
Поминуваш на земјата едвај запаметена.
Понекогаш одалеку ќе чуеш песна,
Што значи тоа, прашуваш, кој таму пее?
Детското сонцеизгрева,
Внук и правнук се раѓаат,
Сега тебе те водат за рака.
Имињата на реките кои уште ти останале,
Колку ли долго ќе успеат да течат!
Твоите полиња, на височините,
Градските кули, поинакви.
Стоиш на прагот, вчудоневиден.

na język macedoński przetłumaczyła
Pavlina Manavska (Macedonia)