Wisława Szymborska
Są tacy, którzy
Постојат оние, што
Постојат оние, што го исполнуваат животот.
Што чинат во себе и околу себе ред.
И на сè имаат вистински одговор.
Веднаш одгатнуваат кој кого, кој со кого,
со каква цел, како.
Ги запечатуваат единствените вистини,
до ситнеж ги враќаат непотребните факти,
а непознатите личности
до одгоре предназначените врски.
Мислат само на вредноста,
и ништо повеќе,
зашто во тој момент се таи сомнежот.
А кога ќе се ослободат од битието,
го напуштаат земното,
затворајќи ги вратите.
Понекогаш им завидуваат
– на среќата што минува.
Na język macedoński przetłumaczyła
Aleksandra Kocić
|